
Успешно реализиран проект „Волшебниот свет на инсектите“
Со многу љубов, труд и детска радост успешно го реализиравме проектот „Волшебниот свет на инсектите“. Низ игра, истражување и креативни активности, дечињата имаа можност да учат, откриваат и да го запознаат прекрасниот свет на инсектите.
Голема благодарност до сите гости кои беа дел од завршната презентација и со своето присуство ни дадоа поддршка и значење на овој прекрасен настан
Благодарност и до нашите дечиња за покажаниот интерес, љубопитност, креативност и стекнатото знаење, со кое уште еднаш нè направија горди!
И секако, огромна благодарност до родителите за целосната поддршка, соработка и активно учество во дел од активностите. Заедно создадовме едно вистинско волшебно искуство за нашите најмили.






