МИСИЈА
М – Мисијата на нашата градинка е да ги сакаме сите деца.
И – Играме, учиме и растеме заедно секој ден.
Л – Лесно и весело ги учиме првите зборови и вештини.
О – Обезбедуваме безбедна и среќна средина за секое дете.
М– Многу внимание им посветуваме на децата.
О – Одгледуваме љубов, другарство и почит.
Е – Еден ден во градинка е исполнет со игра и радост.


ВИЗИЈА
Визијата на нашата градинка е да создадеме безбедна, топла и поттикнувачка средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, сакано и охрабрено да го развива својот потенцијал.
Се стремиме преку игра, креативни активности и современи воспитно-образовни пристапи да го поттикнеме љубопитството, самостојноста и љубовта кон учењето.
Нашата цел е:
- развој на социјални и емоционални вештини
- градење позитивни односи и почит кон различностите
- активно партнерство со родителите
Визијата е да воспитуваме среќни, самоуверени и креативни деца подготвени за идните предизвици.
