МИСИЈА

М – Мисијата на нашата градинка е да ги сакаме сите деца.


И – Играме, учиме и растеме заедно секој ден.


Л – Лесно и весело ги учиме првите зборови и вештини.


О – Обезбедуваме безбедна и среќна средина за секое дете.

М– Многу внимание им посветуваме на децата.


О – Одгледуваме љубов, другарство и почит.


Е – Еден ден во градинка е исполнет со игра и радост.

ВИЗИЈА

Визијата на нашата градинка е да создадеме безбедна, топла и поттикнувачка средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, сакано и охрабрено да го развива својот потенцијал.

Се стремиме преку игра, креативни активности и современи воспитно-образовни пристапи да го поттикнеме љубопитството, самостојноста и љубовта кон учењето.

Нашата цел е:

  • развој на социјални и емоционални вештини
  • градење позитивни односи и почит кон различностите
  • активно партнерство со родителите

Визијата е да воспитуваме среќни, самоуверени и креативни деца подготвени за идните предизвици.