Објект “МИЛО МОЕ “- Чучер Сандево  е лоциран на улицата 1 број 11 а- Чучер Сандево . Објектот е со капацитет од 110 деца, корисна површина од 960 м2 и дворна површина од 7000 м2.

Овој објект располага со 5 занимални со спални и санитарни јазли, една мултифукционална  сала, 4 канцеларии, една медицинска соба, две тријажи, една кујна и една чајна кујна, една котлара, една перална – пеглара, една просторија ресоблекувална за вработените ,4 санитарни јазли за возрасни. Објектот е на сопствено парно греење на електрична енергија.

Локација: ул 1 број 11 а.

  • село: Чучер Сандево
  • внатрешна површина: 960 м2
  • дворна површина: 7000 м2

Внатрешниот простор ги задоволува стандардите за успешно изведување на воспитно-образовниот процес. Станува збор за негувана и стимулирачка средина која им помага на децата да се развијат во сигурни и независни личности. Во занималните постојат катчиња или центри за активност како тематски структуриран простор кои нуди можност да децата учат на најразлични начини и ги реализираат индивидуалните и групни цели на учење: литературен центар; математички центар; центар за игри со конструктивен материјал; научен/истражувачки центар; уметнички центар; центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави; центар за изложување на детски творби.
Градинките поседуваат огромна  дворна површина која е добро одржувана и опремена со реквизити за деца и  се користи за остварување на програмските содржини но и за игра и рекреација на децата.

Градинката нуди целодневен и полудневен престој на деца.
Целодневен престој e од 6.00 – 18,00 часот и го следи следниот ориентациониот распоред на денот :

  • прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)
  • утринска гимнастика
  • појадок
  • реализација на дневно планирање
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • прошетки, набљудување и престој на воздух
  • ручек
  • попладневен одмор – спиење
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • слободни игри
  • средување на занимална
  • заминување на децата

Секоја возраст има свој ориентационен распоред на денот

Полудневен престој е од 6,00 – 13,00 часот и ориентационо го има следниот распоред:
прием на децата и слободни активности

  • утринска гимнастика
  • појадок
  • реализација на дневно планирање
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • прошетки , набљудување и престој на воздух
  • ручек
  • заминување на децата