2-3 годишна возраст

Постепено да го усвојува умеењето да ги поздравува другарчињата и возрасните при доаѓање и одење од групата, при влегување правилно да ја отвора и затвара вратата. Со помош на возрасен на детето му се обезбедува миење на раце пред и по јадење, зачувување на чиста облека, соблекување и облекување.

Посамостојно да јаде и правилно да користи прибор за јадење, правилно да ја конзумира храната, уредно да го става столчето на одредено место, да седнува и јаде на определено место и време.