Средба со хероите на нашиот град од Противпожарната бригада на град Скопје – Автокоманда
Дечињата од ЈОУДГ”МИЛО МОЕ”-Чучер Сандево од група Пчелки и група Детелинки (3-6)години беа во посета на Противпожартата бригада на град Скопје. Преку разговор со вработените во бригадата, децата се запознаа со ризиците и најчестите предизвикувачи на пожари и ја разгледаа опремата што ја користат пожарникарите при справувањето со нив. Научија и како можеме да спречиме и да се заштитиме од пожари.



