Математика

Математика

  • Да се поттикнуваат кај детето способности за просторно ориентирање (воочување релации во однос на себе: пред – зад; горе-; под, далеку);
  • да се развиваат способности за вербално искажување на односи меѓу предметите (во, на, под, пред-зад);
  • да се развиваат способности за идентификување на делови од целина;
  • да се поттикнуваат способности за користење на математиката во опкружувањето;
  • да се развиваат способности за воочување на разликите кај предметите и нивно споредување.
  • да се развиваат способности за класификација според боја, форма, големина, вид и род;
  • да се развиваат способности за воочување, идентификување и користење спротивности кај предметите во непосредната околина должина, широчина, големина;
  • да се поттикнуваат способности за групирање на предметите според воочливи и заеднички особини;
  • да се поттикнува кон проценка на количество и должина и тоа да го провери со мерење и со броење;
  • да се оспособува за попрецизно визуелно воочување и вербално изразување на разликите во големината и должината кај некои објекти и предмети;
  • да се оспособува за класификација, компарација и серијација според боја, форма, големина, вид и род;
  • да се поттикне кон воочување, препознавање и именување на круг, квадрат, триаголник, топка и коцка;
  • да се поттикне кон доживување на математиката како пријатно искуство;
  • да се поттикнува формирање на особини на личноста: иницијативност, трпеливост, истрајност, љубопитност, прецизност.