Да се поттикнат кај детето знаења и способности за препознавање и класификација на животните според местото на живеење, според родот и карактеристиките;
да се поттикнуваат способности за препознавање и класификација на растенијата;
да се поттикнат сознанијата за основните фактори и услови за опстојување и развој на живиот свет;
да се поттикнат знаењата и способностите за распознавање на основните својства на одредени природни елементи и појави од опкружувањето;
да се поттикнат знаењата и способностите за препознавање на годишните времиња;
да се стекнуваат знаења за средината и опкружувањето преку конкретно набљудување и манипулирање;
да се поттикнува и поддржува разбирањето на членовите во семејството и на сегашните случувања во неговиот живот;
да се оспособува за користење на истражувањето како форма научење;
да се оспособува за препознавање и класификација на растенијата, одредени видови, нивните карактеристики, услови за раст, развој, корист, примена и значење за целокупното опстојување на планетата Земја;
да се оспособува за откривање и почитување на основните фактори и услови за опстојување и за развој на живиот свет;
да се поттикнува кон свесност за сопствената улога во поддршката за опстанокот на природата;
да се поттикнува за правилен однос кон материјалните вредности (храна, вода, енергија) и развивање на одговорно однесување;