Годишна програма на ЈОУДГ „МИЛО МОЕ“- Чучер Сандево
Годишната програма за работа со деца од предучилишна возраст, претставува документ од Јавен карактер кој е усогласен со Националната програма за ран детски развој, современите општествено демократски текови, Декларацијата и Конвенцијата за правата на децата
Детството е социо-културно обликувано и вредно само по себеси. Тоа е период каде што децата формираат концепт за себе си како општествени суштества, како мислители и корисници на јазик, носители на важни одлуки за сопствените способности и нивната сопствена вредност.
Промовирањето на добросостојбата кај децата, што впрочем е и генерална цел на образованието, е во насока на актуелизирање на нивниот целосен потенцијал е и наш приоритет и оваа работна година. Детската индивидуалност, нивните права и потреби се основа во работењето со децата.
И оваа година, нашата програма е одраз на верувањата дека:
- Сите деца, без разлика на полот, етничката и религиозна припадност,
социоекономските и културолошки разлики, како и различните и посебни
потреби имаат право на влез во образовниот систем - Сите деца може да учат. Тие заслужуваат високи очекувања во нивните
достигнувања во процесот на учење а се во согласност со нивната возраст и
социокултуролошки карактеристики - Физичката средина дирекно влијае на добросостојбата, учењето и развојот
на детето. Таа е составен дел од нашата програма и истата се осмислува во
склад со концепцијата на програмата и интересите и потребите на децата - Силно ја поддржуваме детската игра. Таа е природен начин на интеракција
на детето со другите деца, со возрасните и опкружувањето. Играта е
средиште на детската добросостојба и инструмент за учење. - Родителите и семејствата се примарни воспитувачи на децата и имаат
најважна улога во промоција на нивната добросостојба, учење и развој.
Нашата соработка со нив се базира на принцип на партнерство. - Детето го осознава светот како целина па одтаму доминантен пристап во
работата е холистичкиот - како градинка постојано се движиме кон нашите следни чекори, учиме и
растеме, континуирано се едуцираме за подобро да ги поддржиме нашите
деца и нивната добросостојба
Ние сме подготвени да ги задоволиме различните потреби за учење и развој на
децата