Почитувани родители,
за упис на ново дете кое е распоредено во група, потребно е:

  1. Досие за упис на дете во градинка
  2. Пополнет образец (стр.2 од Досие за упис)– ПРИЈАВА ЗА УПИС ВО ДЕТСКА
    ГРАДИНКА (дадена во прилог), кој образец го пополнува родител/стрател;
  3. Заверен образец (стр.3 од Досие за упис)– ПОДАТОЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА
    СОСТОЈБА НА ДЕТЕТО (даден во прилог), кој образец го пополнува и
    заверува матичен лекар;
  4. Негативни брисеви од грло и нос (не постари од 3 работни дена);
  5. Потврда од матичен лекар дека детето е здраво и може да посетува градинка;
  6. Вакцинален статус на детето;
    Откако ќе ги пополните и заверите овие податоци и обрасци, потребно е да дојдете во
    административните простории на градинката, за склучување на Договор и плаќање на
    авансна уплатница (која се пребива при испис на Вашето дете, кој задолжително се
    врши во административните простории).